More

    Протест против концесиите за „Еуромакс рисорсис“ за отворање рудник во Иловица-Штука

    spot_img

    Неколку стотици граѓани, во организизација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ – Струмица и Еколошкото здружение „Еко долина“ – Ново Село, денеска протестираа против спојување на концесијата и можното отворање на рудникот за бакар и злато Иловица-Штука.

    Оваа реакција следува по шокантното спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука од страна на Владата, која без никаква правна основа одлучи да им ги ресетира и продолжи роковите за спојување, како и да прикаже дека концесионерите и досега ги почитувале законите на Република Македонија. А напротив, концесионерите од „Еуромакс рисорсис“ го имаа прекршено Законот за минерални суровини по повеќе основи, поради што Владата во 2019 година им ја одзеде едната концесија за експлоатација, додека за втората концесија немаа ни побарано дозвола за експлоатација. Имено, законскиот максимален рок од 4 години за добивање дозвола за експлоатација, сметано од денот на склучување на договор за концесија, беше истечен и за двете концесии – за едната концесија во јули 2016, а за другата концесија во јануари 2020. Првата концесија беше одземена токму поради неисполнување на дури 7 од 9 неопходни услови за валидно барање за експлоатација – се вели во соопштението на еколошките здруженија кои го органзираа протестот.

    Со свирчиња, транспаренти, македонски знамиња и извици „Не за рудници“ стотици еко-активисти и граѓани, во присуство на претставници на општинската управа, претставници на црквата, протестираа во Струмица, во близина на ТЦ „Глобал“.

    Присутните ја запалија одлуката на владата со која се дозволува спојување на концесиите.

    Милена Зафирова, претставничка на иницијативата „Здрава котлина“ рече дека солидарноста човечноста и колективната свест се хероите во нивната борба заедно со љубовта кон татковината.

    – Само народ ќе го сопре овој рудник! Тоа се случува денес. Нема да има рудник! Влада, премиер, министри, политичари, судии корумпирани, 30 години понижување, делби, крадење на сè што можеше да се краде, посегнавте по воздухот, водата, почвите! Решивте измачениот земјоделец да го докусурите, нашите чесни и намачени земјоделци, луѓето со земја под ноктите кои ги вадат најчистите пари, кои работат како мравки, ја полнат кошницата со највкусните плодови посегнавте по струмичка котлина – рече Зафирова.

    Според најавите протестите ќе продолжат и во иднина, а организаторите најавуваат кривични пријави, герила акции и борба на сите нивоа од општините, до највисоките инстанци на власта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img