Објавена снимка од разоружувањето на групата „Вагнер“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Платеничката група „Вагнер“ го завршува предавањето на оружјето на редовните руски вооружени сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Најавата беше придружена со видео на кое се прикажани тенкови, ракети и друго тешко оружје. Министерството тврди дека припадниците на „Вагнер“ предале повеќе од 2.000 парчиња опрема и повеќе од 2.500 тони муниција.

Ако веста за предавањето е точна, ова би бил најконкретен знак дека „вагнерите“ навистина се повлекуваат од борбените операции во Украина. Да потсетиме, за време на краткиот вооружен бунт на 24 јуни, платеници ја презедоа контролата врз Ростов на Дон и соборија неодреден број воени хеликоптери, при што беа убиени руски пилоти, пишува Ројтерс.

На „Вагнеровци“ им биле дадени три опции по бунтот

Бунтот беше најсериозен предизвик за Путин откако тој ја презеде функцијата претседател на Русија на последниот ден од 1999 година. Бунтот на крајот беше завршен со договор, според кој шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин се согласи да замине во Белорусија во замена за откажување од кривичната постапка против него.

Неговите борци добија опција да одат со него во Белорусија, да им се придружат на редовните руски сили или да си одат дома. Министерството за одбрана соопшти дека трансферот на оружје се одвива „според планот“. Останува многу нејасно за спроведувањето на договорот, вклучително и за тоа каде се наоѓа Пригожин.

Пригожин се сретна со Путин

Кремљ оваа недела призна дека Путин се сретнал со Пригожин на 29 јуни, пет дена по бунтот. Податоците за следење на летот покажаа дека авионот поврзан со Пригожин тргнал од Москва за Белорусија во вторникот вечерта, но не е јасно дали тој бил во авионот.

Неизвесност ја опкружува и иднината на деловната империја на Пригожин во Русија и обемните операции на „Вагнер“ во делови од Блискиот Исток и Африка, вклучувајќи ги Сирија, Мали и Централноафриканската Република. Пригожин тврдеше дека бунтот немал за цел да ја собори владата, туку да ги „изведе пред лицето на правдата“ министерот за одбрана и началникот на Генералштабот за нивните грешки.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article