Мерита Мустафаи е нов директор на ЕСМ Продажба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи кадар на ДУИ  од неодамна раководи со ЕСМ Продажба – фирмата-ќерка на ЕСМ која продава вишоци на електрична енергија и купува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи кога нема доволно производство, објави порталот Фактор.

Мустафаи го превзеде местото на Златко Пиперкоски, кој на таа функција беше поставен во октомври лани.

Tаа, од опозицијата на почеток на годинава беше посочена во скандалот до имотите на братот на  првиот вицепремиер Артан Груби.

Во февруари годинава опозицијата ја обвини Мустафаи дека дала акредитација на компанија наводно блиска на братот на првиот вицепремиер Артан Груби за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво. Опозицијата ја обвини и дека не пријавила во анкетниот лист дека гради хациенда на Попова Шапка, сопственост на нејзиниот сопруг.

Набрзо потоа Мустафаи во март си замина од Бирото за метрологија каде беше неколкугодишен директор.

Инаку ЕСМ Продажба остварила приходи од 6,57 милиони евра минатата година, најмногу од продажба на електрична енергија во јавниот сектор и произведени вишоци за снабдувачите со струја. Со тоа фирмата-ќерка на ЕСМ за време на енергетската криза се наметна како еден од најголемите трговци со струја во земјата.

Share This Article