Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ги прими градоначалниците на околу 220 општини кои претрпеа големи штети по седумдневното насилство, кое почнува да стивнува.
Точно седум дена по смртта на 17-годишник за време на полициска рутинска сообраќајна контрола во Нантер во близина на Париз, претходната ноќ беше нешто помирна со 72 апсења, од кои 24 во Париз и неговата околина, додека неколку стотици луѓе беа уапсени во претходните денови.
Но, материјална штета е направена претходната ноќ. Опожарени се влезовите на 24 згради низ Франција, изгорено е ѓубре на улиците и изгорени се 159 возила.
Имало четири напади врз полициски и жандармериски станици, соопшти МВР, додавајќи дека нема повредени припадници на полициските безбедносни сили.
Синоќа, како и неколку претходни ноќи, околу 45.000 полицајци и жандарми беа распоредени во обид да го запрат насилството.