Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека се идентификувани 45 лица кои припаѓаат на, како што наведе, терористичките организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ на северот на Косово.
Курти изјави дека овие лица наводно учествувале во напади врз војници, полицајци и новинари на КФОР.
„До денес се идентификувани 45 лица кои учествувале во насилни напади врз војници, полицајци и новинари на КФОР, како и кои користеле оружје. Видовте какво оружје беше одземено на 23 јуни. Србите најмногу се плашат од овие криминалци, кои ни испраќаат информации секогаш кога ќе проработи законот. Имаме безброј факти и докази дека се работи за терористичка организација, ако не ја објавиме, ќе и наштетиме на нормализацијата“, изјави Курти за приштинските медиуми.