17-годишна девојка почина во саботата откако паднала низ купола од плексиглас во хотел во Берлин.
Уште еден 16-годишник паднал низ истата купола, но не е повреден. Девојчето и момчето биле на матурската забава со своите колеги.
Како што соопшти полицијата во понеделникот наутро, на матурската забава, две лица се искачиле низ отворот на рамниот покрив во една од холовите на хотелот Естрел. Пукнало стаклото од плексиглас и тогаш се случила трагедијата, пренесува магазинот Феникс.
„Млад човек и член на безбедносниот тим ја оживеаја младата девојка додека не пристигнаа лекарите од итната помош. Спасувачите успеале да го стабилизираат девојчето и го однеле во болница, каде подоцна во раните утрински часови им подлегнала на тешките повреди“, соопшти берлинската полиција.
Според првичните информации, младиот човек (17) имал среќа кога паднал бидејќи наводно паднал на кантите за ѓубре, што му го ублажило падот.