Најмалку 48 лица загинаа, а 30 се повредени синоќа во сообраќајна несреќа на автопат меѓу градовите Керичо и Накуру во западна Кенија, соопшти локалната полиција.
– Засега можеме да потврдиме дека 48 лица загинаа во судирот на камион и автобус, а уште неклкумина се уште се заглавени во камионот“, соопшти претставник на полицијата.
Повредени се 30 лица кои се префрлени во блиските болници.
Според истрагата на полицијата, возачот на камионот изгубил контрола и удрил во автобус на постојка. Повредени се и луѓето кои стоеле на автобуската станица.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.
Според извештај на Светска банка од 2021 гдоина, во Индија се случуваат 11 отсто од смртните случаи во сообраќајот во светот.
Во земјата со население од околу 1,4 милијарди луѓе, секоја година во просек има 150.000 сообраќајни несреќи со смртни последици. Сообраќајните несреќи ја чинат индиската економија околу 65 милијарди долари годишно, се вели во извештајот на СБ.