Се верува дека се пронајдени човечки останки во остатоците од подморницата Титан, која се урна недалеку од остатоците на потонатиот брод Титаник, соопшти американската крајбрежна стража.Делови од подморницата, која експлодираше за време на длабоко нуркање до Титаник, кога загинаа пет лица, беа пронајдени во средата во Сент Џонс, Канада, јавува Би-Би-Си.
Официјални лица од крајбрежната стража велат дека рамката за спуштање на подморницата и задниот капак биле пронајдени меѓу остатоците.
Американски медицински експерти ќе направат официјална анализа на пронајдените останки, се наведува во соопштението на крајбрежната стража.
Раната фаза на истрагата за причините за катастрофата во Титан е во тек.
Сите пет патници на бродот Титан загинаа на 18 јуни откако подморницата експлодираше околу 90 минути по нуркањето кон остатоците од познатиот бродолом, кој потона во 1912 година и се наоѓа на длабочина од 3.800 метри во Северниот Атлантик.
Извршниот директор на компанијата OceanGate, која ја поседуваше подморницата, Стоктон Раш, пакистанскиот милионер Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и францускиот нуркач и истражувач Пол-Анри Нарзоле беа во Титан.