More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 28.06.2023

    spot_img

    Полициски службеници од СВР Куманово вчера (27.06.2023) и денеска (28.06.2023) лишиле од слобода две лица, за кои биле распишани потерници и ги спровеле во казнено-поправните установи. Имено, вчера во 10.00 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, бил лишен од слобода З.С.(70) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на мерка притвор, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 ст.4 в.в ст.4 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје. Денеска, пак, во 08.30 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(60) од с. Сопот, кумановско. Тој се барал со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 383  од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.

     На 27.06.2023 во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(34) од КумановоПри претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана, дробилка и повеќе  предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, откако претходно бил пријавен од неговата сопруга дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни поднесоци.

     На 27.06.2023 во 20.20 часот на Обиколница – клучка Мирковци, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(35) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени 10 пакувања со прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 27.06.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Ш.Р.(22), Ш.Р.(18) и Б.А.(22) сите од с.Кондово, скопско, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 27.06.2023 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Б.(31) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени цветови од канабис. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (27.06.2023) околу 20.45 часот, на регионалниот пат во тетовско Горно Палчиште, го лишиле од слобода 21-годишниот Е.Ф. од гостиварски Добридол. При негов и преглед на патничкото возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, му биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Е.Ф. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

     На 27.06.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(29) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 27.06.2023 во 17.15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(22) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 27.06.2023 во 02.15 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода М.Ш.(25) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     Во текот на вчерашниот ден (27.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 171 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас…

     На 27.06.2023 во 22.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Аминта Трети“ пред крстосница со ул.„Ристо Шишков“, патничко возило „дачија логан“, управувано од К.К.(41) од Скопје удрило во мотоцикл „кавасаки“, запрено од Ѓ.С.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

     На 27.06.2023 во 06.40 часот во СВР Тетово, Н.Н.(54) од Тетово пријавила дека на ул.„Благоја Тоска“ била касната од куче скитник.

     На 27.06.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 6 надвор од населено место и 15 во населено место. Санкционирани биле и 35 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 3 за некористење заштитен шлем, 18 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

     На 27.06.2023 година во 21.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.Ѓ. (47) од село Бориево, струмичко и патничко возило „фиат“, управувано од Р.М. (31) од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистарски ознаки. Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а возачот Р.М. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.

     На 27.06.2023 во 18.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Б.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Паровиќ“ бил каснат од куче скитник.

     Секторот за внатрешни работи Тетово на 27.06.2023 во акциска контрола спроведена од 08.00 до 12 часот биле откриени и санкционирани вкупно 15 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-6). Најголемиот број од нив (ТЕ-5 и ГВ-6) се однесувале на погрешно запирање и паркирање. Сите прекршоци се заокружени со соодветни поднесоци и зависно од прекршокот ќе следат парични глоби кои се движат од 40 до 180 евра во денарска противвредност.

     На 27.06.2023 во 19.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Трајко Иванов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(26) од Скопје и товарно возило „там“, управувано од Ј.А.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 27.06.2023 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, П.К.(29) од Скопје пријавил дека во близина на Железничката станица во Скопје бил каснат од куче скитник.

     На 27.06.2023 во 05.30 часот било пријавено дека на патот Неготино-Кавадарци, кај с.Марена, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од В.С.(28) од Неготино и трактор „ИМТ 533“, управувано од М.Т.(61) од с.Тимјаник, неготинско, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата, сопатничка која се превезувала на тракторот, Н.Т.(64) од с.Тимјаник, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.На 27.06.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img