Путин им се заблагодари на борците на „Вагнер“ за ангажманот на фронтот, но во обраќањето до нацијата јасно стави на знаење – не дозволува да биде уценуван од нив

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател им се заблагодари на борците на „Вагнер“ за ангажманот на фронтот, но во обраќањето до нацијата јасно стави на знаење – не дозволува да биде уценуван од нив, анализира Дојче Веле.

Во првото телевизиско обраќање по бунтот на паравојниците од групата „Вагнер“ во Русија, рускиот претседател Владимир Путин се претстави како гарант на внатрешниот мир.

– Од почетокот на настаните, според моите директни наредби, беа преземени мерки за спречување на големо крвопролевање иако руските непријатели, како неонацистите во Киев, така и нивните западни поддржувачи и сите предавници ја имаа токму таа желба – братоубиство во Русија – истакна Путин.

Кратко претходно американскиот претседател Џо Бајден отфрли секаква замешаност на Западот во револтот на паравојската „Вагнер“ во Русија, истакнувајќи дека тој бил дел од борба во рамките на рускиот систем.

Шефот на Кремљ им заблагодари на Русите за нивната издржливост, единство и патриотизам за време на настаните на викендот.

– Солидарноста кај населението покажа дека секој обид за уцени, за организирање внатрешни немири е осуден на неуспех – истакна Путин, факт кој го осознале на крајот и бунтовниците и затоа се откажале.

Борците од групата „Вагнер“ имаат можност да склучат договор со регуларната руска армија, да се вратат кај своите фамилии или да заминат во Белорусија, порача Путин, искажувајќи благодарност кон „руските патриоти“ меѓу нив.

Без да го спомене поименично, Путин одново го обвини шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин за „предавство на неговата земја и народот“ и истовремено дека ги лажел неговите луѓе.

– Големо мнозинство од борците и командантите во групата ’Вагнер’ се исто така руски патриоти“, кои се обврзани кон својот народ и татковината, што го докажаа со својата храброст во борбите – рече Путин.

- Advertisement -
Ad image

Путин во овој контекст ја пофали „храброста и самопожртвуваноста” на херојските пилоти паднати во борбата. Но, шефот на Кремљ не даде официјални информации за неколкуте авиони кои борците на „Вагнер“ според нивни наводи ги собориле во текот на маршот кон Москва. Руски воени блогери инаку тврдат дека трупите на „Вагнер“ собориле шест руски хеликоптери и еден авион.

Евгениј Пригожин пак се јави прв пат за збор по неуспешниот бунт на викендот, демантирајќи намера да предизвика смена на власта во Москва.

– Тргнавме за да демонстрираме протест, а не за да ја собориме власта – изјави 62-годишниот Пригожин во аудио порака емитувана преку неговиот канал на Телеграм, без да даде податоци за неговата актуелна локација.

- Advertisement -
Ad image

Тој ги повтори обвинувањата против руското Министерство за одбрана, кое наводно во минатиот петок наредило напади врз логорот на платениците, а во кои, како што тврди, биле убиени 30 борци на „Вагнер“.

Овие напади, како и намерата на Министерството за расформирање на групата „Вагнер“, биле поводот за маршот кон Москва, тврди Пригожин.

Share This Article