Долгот на скопскиот затвор Идризово се менува на дневно ниво, а изнесува преку милион евра, вели од неодамна првиот човек на затворот, директорот Зоран Јовановски, во интервју за Радио Слободна Европа. Според него институциите заборавиле дека постои затворот во однос на одржувањето, екипирањето со луѓе и со опрема.
– Моето согледување е дека тие долгови се направени при некоординирано институционално координирање. Ние имаме најголеми долгови кон Министерството за здравство, МВР и струја, вода – вели Јовановски.