More

    Шефот на „Вагнер“ замина во егзил во Белорусија

    spot_img

    Ростовци се сликаат со Пригожин непосредно пред тој да го напушти градот и да биде принуден на егзил во Белорусија.

    На фотографиите на повеќе светски агенции и медиуми се гледа како Пригожин со насмевка и подавање рака им отпоздравува на своите поддржувачи, додека со џип го напушта градот, а неговите војници влегуваат во камиони за да се вратат во своите теренски бази, пренесува Ал Џезира.

    Гувернерот на регионот Воронеж, исто така, соопшти дека борците на групата „Вагнер“ ја напуштиле областа и заминале во своите стационарни кампови, пренесоа француските медиуми.

     

     

     

     

    На автопатиштата низ Русија, особено околу прилазите на Москва, укинати се сите претходно воведени ограничувања.

    Според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Пригожин се согласил да го прекине бунтот и да замине во егзил.

    Кремљ, од друга страна, преку гласноговорникот Дмитриј Песков, соопшти дека е повлечена кривичната пријава против првиот човек на платеничката војска „Вагнер“, а неговите војници, кои не тргнаа во конвојот кон Москва, нема да бидат кривично гонети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img