More

    Гардијан: Летовите од Москва се распродадени, Путин разговарал со Ердоган

    spot_img

    За време на рацијата, во канцеларијата на Пригожин биле пронајдени големи количини пари, како што тој наводно потврдил. Исто така, како што се наведува, Путин разговарал и со Ердоган поради последните настани во Русија.

    Руските медиуми објавија дека парите се пронајдени на адреса во Санкт Петербург, што Пригожин сега го потврди, пренесува Ројтерс.

    Тој рече дека парите наводно биле наменети за трошоците на Вагнер.

    Руските државни медиуми објавија и дека претседателот Путин разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој му изразил поддршка на актуелното руско раководство, пишува Гардијан.

    Во соопштението на Советот за безбедност од Белорусија се наведува и дека земјата останува сојузник на Русија и дека внатрешните спорови се „подарок за колективниот Запад“.

    Исто така, летовите од Москва наводно се распродадени со приближувањето на Вагнер.

    Der Spiegel објави дека билетите за директни летови од Москва до Тбилиси, Астана и Истанбул веќе не се достапни. „Гугл мапс“ покажува затворање на патиштата на М4 јужно од Москва, рутата што ја поминаа бунтовниците на Вагнер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img