Берн, главниот град на Швајцарија реши наесен да почне пробна програма за контролирана продаважба на кокаин. Градското собрание во градот го изгласа предлогот на Алтернативната левица. Во меѓувреме, градовите Базел, Цирих и Лозана веќе експериментираат со контролирана продажба на марихуана, пишува СвисИнфо.
Се шпекулира дека овие одлуки во врска со наркотиците се начин како Швајцарија да се ребрендира како земја по падот на познатата банка Кредит Суис, кога падна во вода имиџот на „банкарска нација“. Други пак велат дека се работи само за контролата врз наркопазарот.
Инаку, слободната продажба на кокаин во Берн за прв пат беше предложена во 2019 година, но сепак тогаш беше одбиена. Сега, на изгласаниот предлог се противат неколку десничарски партии.