Најмалку 41 затвореник загинаа во бунт што избувна во максимално безбеден женски затвор во Хондурас.
Локалниот весник „Ла Пренса“ пренесува дека конфликтот избил во женски затвор во градот Тамара, во близина на Тегусигалпа, главниот град на Хондурас.
Истиот извор јавува дека 25 затворенички биле убиени со палење, а 16 убиени со оружје.
Во затворот дојде до конфликт меѓу озлогласените банди Мар Салватруќ и Барио 18, а безбедносните сили презедоа строги мерки.
Заменик министерката за безбедност Хулиса Вилануева во објава на својот Твитер профил изјави дека во затворот е прогласена вонредна состојба и дека е наредена најстрога интервенција.
Истовремено, локалните медиуми јавуваат дека дошло до конфликт и полициска интервенција во затворот Иљама, кој се наоѓа на околу 300 километри од Тегусигалпа.
Извор: Анадолија