Регионалниот ЦУК Прилеп известува дека по јавување на граѓанин за оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на ул. „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата.
Вработените во РЦУК Прилеп утврдиле дека таа дупка претставува опасност за непретпазливи минувачи и можно е евентуално пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила.
Известено е ЈП „Водовод и канализации – Прилеп“ и побарано е веднаш да се изврши обележување на местото за да се предупредат минувачите, а и возачите, да не поминуваат покрај самиот раб на коловозот.
За настанот е известена Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Прилеп од каде што одговориле дека ќе превземат мерки во координација со МВР ПС Прилеп и другите надлежни институции.