Најмалку 15 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во канадската провинција Манитоба во која камион удри во возило во кое се превезувале стари лица и инвалиди.
Несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.
Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајцата возачи, се во болница со сериозни повреди.
Според тамошните медиуми, ако се потврди бројот на жртвите, ова е една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во историјата на Канада.
Во април 2018 година, 16 луѓе загинаа во друга канадска општина откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим.
Возачот на камионот кој беше виновен за несреќата беше осуден на 8 години затвор.