More

    Ковалев има 36 години и е можниот наследник на претседателот

    spot_img

    Снимката од разговорот на Владимир Путин со маж за време на парадата на Денот на победата во Москва продолжува да ја интригира јавноста. Се шпекулираше дека човекот еден ден би можел да го замени Владимир Путин. Иако неговиот идентитет сè уште не е потврден, некои тврдат дека се работи за Дмитриј Ковалев, пренесува Мондо.

     

    Видеото кое на Твитер има повеќе од 45.000 прегледи го сподели украинскиот возач на автомобилски трки, Игор Сушко. И Сушко тврди дека младиот човек е Ковалев.

    „Младиот човек со кој Путин имаше долг и искрен разговор на Црвениот плоштад е шефот на претседателската администрација Дмитриј Ковалев“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека неговиот идентитет засега не може со сигурност да се потврди.

    „Веднаш почнаа да кружат гласини дека тој би можел да биде избраниот наследник на Путин“, додаде Сушко.

    На страницата База на Телеграм, исто така, се тврди дека Путин разговарал со Ковалев и дека тој е потенцијален наследник на лидерот.

    „База го откри идентитетот на еден млад човек кој разговарал со Владимир Путин за нешто по завршувањето на Парадата на победата. За време на преносот во живо, камерата го сними нивниот разговор. Некои канали на Телеграм сугерираат дека младиот човек е идниот наследник. Ковалев шета покрај Путин, има 36 години и е задолжен за еден од секторите на претседателската администрација“, се наведува на страницата на Телеграм.

    „На профилот на Ковалев има многу фотографии од хокеј. Можно е тој така да го запознал Путин“, се додава.

    Иако Путин јавно не објави дека ќе поднесе оставка од функцијата руски лидер, сепак постојано се шпекулира за неговата здравствена состојба, пишува Њузвик. Кремљ решително ги демантираше ваквите шпекулации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img