Блерим Дачи од Чаир бил македонскиот граѓанин кој беше ликвидиран синоќа во Приштина, јавуваат косовските медиуми. Тој на полицајците во Македонија и во Косово им бил познат по трговијата со дрога, обвинет бил за нелегално држење на оружје, а повратник е од боиштата во Сирија…
Кон неговото возило со скопски ознаки СК 7711 ВК било пукано од друго возило. Полицијата го најде возилото од кое било пукано запалено на патот кон Грачаница, а внатре имало два калашникови.
Упатените дознаваат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кое го извршило делото и го напуштило местото на настанот. Тие побегнале во правец на Грачаница, но полицијата не успеала да ги фати, пишува косовски ГазетаЕкспрес.