На 12.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес. Тој се сомничи дека во текот на денот од три продажни објекти во Велес одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициската станица Велес. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.06.2023 во 16.30 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода К.С.(24) од Германија, со привремен претстој во Скопје. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Јавен обвинител за издржување мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
На 12.06.2023 во 18.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(25) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.006.2023 околу 17.00 часот, полициски службеници од мобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции при МВР ги лишиле од слобода К.Б.(38) од Гостивар и Г.П.(46) од Кичево. Околу 17.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на планинскиот превој „Стража“, полициските службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Б., при што констатирале дека со возилото врши транспорт на огревно дрво без документација. Додека, пак Г.П., референт во Шумското стопанство „Лопушник“, бил приведен затоа што навремено не издал испратница за дрвата. Возилото и огревните дрва биле одземени и предадени на Шумската полиција од Кичево, а по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 12.06.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.О.(36) од Скопје бидејќи кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и халуциногена печурка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.06.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(23) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.06.2023 во 16.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Ж.Т.(38) и И.Д.(40), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.06.2023 на граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода К.В.Е.П.(52) од Перу. При пасошка и контрола на возилото „мерцедес“ со грчки национални ознаки, кое го управувал, на увид приложил перуанска возачка дозвола за која било констатирано дека е фалсификувана. Лицето било предадено на Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.06.2023 во 11.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е.(34) од Косово затоа што при пасошка контрола било констатирано дека тој бил барал од Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (12.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
На 12.06.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 10 во населено место и 7 надвор од населено место. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник, 1 за технички неисправно возило и 2 за непрописно паркирање.
На 12.06.2023 во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај с.Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(37) од с.Могила и патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од с.Беранци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од с.Могила, сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од с.Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 12.06.2023 во 21.08 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „нисан“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(51) од Крушево и трактор без регистарски ознаки управуван од А.А.(41) од с.Алданци, крушевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „нисан“, М.Н.(35) од Крушево, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и М.Ј.(38) од с.Норово, сопатник во тракторот, констатирани во болницата во Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Крушево.