Наредба со која сите руски доброволни единици ќе мораат да потпишат договор со Министерството за одбрана потпиша министерот Сергеј Шојгу. Западните медиуми пренесоа дека тоа е негова одмазда кон ривалот Евгениј Пригожин од платеничката група „Вагнер“.
Веста дека се работи за начин како да се потчинат руските приватни се појави на руските канали на Телеграм.
Се смета дека ова е одмазда на Шојгу бидејќи Пригожин постојано јавно го критикуваше министерот дека одбива да му издаде муниција на „Вагнер“, но и дека е некомпетентен заедно со генералите.
Секако, одговорот од другата страна не мораше долго да чека. Пригожин јасно стави до знаење дека Вагнер нема да потпише никакви договори со руското Министерство за одбрана, со што ги отфрли обидите на министерството да го стави „Вагнер“ под своја контрола, пишува Ројтерс.
– Членовите на „Вагнер“ се исклучително професионални и ефикасни. За жал, повеќето воени единици немаат таква ефикасност, а тоа е токму поради неспособноста на Шојгу правилно да управува со армијата – рече Пригожин.