Ковачевски на средба со партискиот врв

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред состаноците на партиското раководството за исходот од лидерската средба за уставните измени порача дека има променет став на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за ова прашање и оти е најпозитивно што се отвора простор конечно граѓаните да ја остварат втората стратешка цел – членство во Европската унија.

Во СДСМ по заседанието на извршниот одбор, во тек е седница на централниот одбор за начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена од завчерашната средба на лидерите на двете партии.

– Се надевам дека секој ќе остане на својот  кажан збор на прес-конференцијата и соопштенијата што беа дадени и дека Северна Македонија ќе го продолжи евроинтеграцискиот пат преку усвојување на уставните амандмани, преку формирање на влада којашто ќе ги донесе, потоа ќе го доврши процесот на скрининг, ќе ги отвори поглавјата од првиот кластер, таа влада може и да затвори едно до две поглавја од првиот кластер и потоа таа влада, или техничка влада, меѓутоа сметам дека е подобро таа влада бидејќи таа ќе го има учеството на сите политички партии, да ги организира следните избори идната година и граѓаните да го кажат својот збор.  Меѓутоа, според мене, она што е најпозитивно е што се отвора простор граѓаните конечно да ја остварат втората стратешка  цел што ја имаме, а тоа е после членството во НАТО и зачленување во Европската унија, процес којшто сега е отворен за којшто има поддршка од сите земји членки на ЕУ – изјави Ковачевски, пред состанокот на централниот одбор на СДСМ.

Тој рече дека е за поздравувањешто има променет став на опозицијата во однос на претходниот дека нема начин да поддржат уставни измени поздравување.

– Овие состаноци доаѓаат по лидерската средба на која што имаме променет став на опозицијата, каде што јасно на прес-конференција после лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека за нив се прифатливи уставните измени што претходно не беа прифатливи  и изгласување  на  уставни амандмани со кои деловите од бугарскиот народ ќе бидат дел од нашата Преамбула на Уставот. Тоа е нешто што е навистина нов став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на претходниот што тие го имаа дека не постои никаков начин на кој тие би поддржале уставни измени и тоа е за поздравување – рече Ковачевски.

И јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наведе тој, бевме кристално јасни на прес-конференцијата, дека уставните измени за ВМРО-ДПМНЕ се првпат прифатливи – уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе бидат дел од Преамбулата на македонскиот Устав и тоа е факт кој е кажан на прес-конференција.

– Секако дека ние преговараме со Брисел не преговараме со Бугарија, ние имаме преговарачка рамка која е усвоена од страна на 27 членки на ЕУ, доставена од француското претседателство, и сметам дека процесот треба да се води во рамки на таа преговарачка рамка којашто обзбеди заштита на макеоднски јазик, заштитен макеоднски идентитет, заштитена македонска култура, почеток а преговорите кои првпат почнаа на 19 јули минатата година. Ние имаме обврска што треба да ја исполниме, а тоа е вклучување на други делови од народи во Преамбулата и потоа процесот продолжува со отворање на поглавјата. Јас сум рационален оптмист, верувам во остварување на целта и работа таа цел да се оствари – изјави Ковачевски.

Share This Article