More

    Мицкоски и иден мандатар посочи дека негово човеково право е како ќе ја нарекува неговата татковина и не очекувал талибански однос и цензурирање на тоа право

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и иден мандатар посочи дека негово човеково право е како ќе ја нарекува неговата татковина и не очекувал талибански однос и цензурирање на тоа право.

    Тој порача дека не им се лути на некои други политичари од други земји кои не го кажуваат целосното име на нивната држава и затоа во секоја изјава неговата татковина ќе ја нарекува Македонија.

    – Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а сѐ што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува. Предлог-законот што денеска го поднесуваме е со придавката. Но, мое човеково право, загарантирано со многу конвенции е правото на изразување и говор. Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на нивната држава, туку крајот или дел од тоа име. За мене, мојата татковина, во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија – рече Мицкоски.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img