Српската актерка Анѓелка Прпиќ (38) на крајот на мај роди девојче на кое му го даде името Чарна.
Ова е второ дете за актерката, а прво за нејзиниот партнер Марко Жугиќ. Една од најпопуларните регионални актерки има син од пропаднатиот брак со сопругот Дарио Прпиќ.
Актерката сега за првпат се огласи на социјалните мрежи по раѓањето на нејзината ќерка и објави фотографија на која ужива во кафуле со колешката и пријателка Ања Мандиќ. Пиеле вино, а Анѓелка покрај фотографијата напишала: „Млади и луди“.
Анѓелка долго време ја криеше новата врска и бременоста, бидејќи Марко беше најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг. Анѓелка и Дарио се разведоа во 2020 година, но останаа во добри односи поради нивниот син.
– Разводот не значи војна. Сè уште сме семејство. Едни на други сме најблиски, без разлика на кои адреси живееме – изјави Анѓелка во едно од интервјуата што ги даде по разводот, но нејзиниот поранешен не криеше дека е разочаран од ваквиот развој на настаните, бидејќи на Марко требало да му биде и кум на свадбата. Марко наводно поради Анѓелка ја оставил својата девојка по 11 години врска, а со неа требало да се ожени во ресторанот на Дарио.
ФОТО: Инстаграм