Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо ужива на луксузна јахта со својата девојка, манекенката Виторија Черети и пријателите во близина на југот на Франција.
Меѓутоа, она што го привлече вниманието на повеќето луѓе беше многу оскудниот костим за капење на Черети кој беше речиси невидлив ,па манекенката се соблече топлес, пишува „Дејли мејл“.
Додека Черети „фаќаше боја“, Дикаприо беше на мобилниот телефон, но и уживаше во бањањето. Актерот го покажа и своето тело, а на долниот дел на грбот се забележуваат траги од терапија со вендузи или барем потсетуваат на тоа. Тоа е третман во кој кожата се вшмукува со помош на стаклени, керамички, бамбусови или пластични чаши.
На почетокот на летото, Дикаприо го покани својот најдобар пријател, актерот Тоби Мегваер, со кого заедно со својата девојка и пријателите уживаа во Италија на неговата јахта. Летово се шпекулираше дека Дикаприо ја запросил Черети бидејќи манекенката носела прстен на левиот прст.
Ова е вторпат како за парот се шпекулира за свршувачка, иако првпат гласините беа демантирани. Инаку, јавноста почна да ги поврзува Дикаприо и Черети минатиот август, а иако нивната врска беше доведена во прашање на почетокот на годината, парот се уште е заедно.