More

    ЕУ има нов план за мигрантите

    spot_img

    Двата клучни закони од областа на миграцијата и азилот ќе бидат на дневен ред на денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ што ќе се одржи во Луксембург. Тие ќе се обидат да постигнат согласност за овие закони за кои веќе неколку години неуспешно се преговара.

    Министрите ќе се обидат да постигнат заеднички став за двата клучни законски предлози, кои се составен дел на новиот пакт за миграција и азил – Регулативата за азил и управување со миграцијата и Регулативата за процедури за азил.

    Евентуалниот договор на министерската средба ќе биде стартна позиција од која земјите-членки ќе преговараат со Европскиот парламент за конечниот текст на законот. Иако процесот се одвива споро, интенцијата е целата работа да биде завршена пред следните европски избори во јуни следната година.

    Европската унија се бори со прашањето на миграцијата од 2015 година и големата мигрантска криза. Во 2016 година, Комисијата предложи пакт за миграција и азил, но земјите-членки не беа во можност да постигнат договор за тоа. Главниот камен на сопнување беше прашањето за обврзувачките квоти за распределба на мигрантите со цел да се растеретат земјите-членки на надворешните граници, кои се под силен мигрантски притисок и го носат најголемиот товар. Меѓутоа, дел од земјите-членки од централна и источна Европа, пред се Унгарија и Полска, не се согласија на обврзувачки квоти.

    Во септември 2020 година, Комисијата го претстави предлогот на Новиот пакт за азил и миграција со цел конечно да се реши проблемот во политиката за азил, односно прашањето за обврзувачките квоти за распределба на мигрантите низ земјите-членки. Главниот елемент на новиот предлог е да се заменат обврзувачките квоти со обврзувачка солидарност. Со други зборови, оние земји кои не сакаат да прифатат луѓе кои имаат право на азил мора на некој друг начин, обично финансиски, да им помогнат на оние кои тоа го сакаат.

    Дипломатите не откриваат детали за предлогот со кој се настојува да се добие согласност од сите или барем од мнозинството држави што ќе обезбеди квалификувано мнозинство потребно за донесување на одлука.

    Изминативе денови медиумите споменуваа предлози според кои оние земји кои одбиваат да примат мигранти ќе треба да платат сума од 22 илјади евра за секое лице што ќе одбијат да го примат, а кое добива право на азил. Таа идеја веднаш наиде на огорченост и остри критики во Полска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img