More

    Принцот Хари ги обвини медиумите дека му ја уништеле врската со Челзи Дејви

    spot_img

    „Њујорк тајмс“ објави писмена изјава од принцот Хари, во која тој зборува за врската со поранешната девојка Челзи Дејви, грешките што ги направил и како неговиот живот бил под влијание на медиумското вознемирување.

    Во моментов се одвива судење меѓу принцот Хари и компанијата „Мирор груп њузпејпер лимитед“.  Војводата од Сасекс ги обвини новинарите за неетички методи на собирање вести. Според принцот Хари, новинарите го хакирале неговиот телефон и добиле пристап до неговите пораки, а информациите потоа се појавиле во главните наслови на весниците.

    Случајот е во тек пред Високиот суд во Лондон. Пред своето сведочење, принцот Хари одлучи да излезе во јавноста и да објасни детали за тоа како новинарите го малтретирале него и неговата поранешна девојка.

    Принцот Хари изјави дека направил многу грешки во врската со Дејви, со која се забавувал од 2004 до 2010 година.

    „Бев незрел, навистина не размислував за моите постапки и донесов глупава одлука – и моите грешки беа јавно објавени“, пишува тој. Станува збор за инцидент што се случил во јануари 2005 година, кога „Дејли мирор“ објавил дека принцот „флертува со непозната бринета“ во отсуство на својата сакана. Според Хари, тој бил бесен, но не се сеќава како Челзи реагирала на ова.

    „Живеевме во различни земји, многу од нашите разговори беа на телефон. Зборував со неа многу во овој период, бидејќи тоа беше тежок период за мене, но не се сеќавам на нејзината реакција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img