More

    Вдовицата на неповторливиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, во придружба на нивниот син Дино по долго време се појавила во Сплит на промоција на романот „Љубовна песна“

    spot_img

    Вдовицата на неповторливиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, Весна, вчера во придружба на нивниот син Дино по долго време се појавила во Сплит на промоција на романот „Љубовна песна“.

    Низ солзи таа раскажа за почетокот на заедничкиот живот со Оливер, со кого имаат тројца синови.

    – Се омажив за Оливер пред да почне да пее и се сеќавам на една реченица што ми ја кажа тогаш. Го прашав што прави, а тој ми одговори дека свири. „Што правиш, не е работа“, му одговорив и тој ми рече: „Кога музиката ќе стане моја работа, тогаш веќе нема музика!“ Тоа е најмудрото нешто што сум го слушнал.Со тоа сакаше да каже дека музиката не е негова работа и дека не треба да трча по пари, големи турнеи, туку сето тоа да го доведе на ниво – рекла Весна на промоцијата.

    Таа рекла дека ако Оливер не се оженел со неа, веројатно ќе талкал низ Европа, затоа што композиторите немало да можат да го најдат, бидејќи биле стационирани во Сплит.

    – Зденко Руњиќ често доаѓаше кај нас, а Оливер немаше каде да бега. Јас одиграв голема улога, го знам тоа! За сето тоа им раскажувам на нашите внуци, им покажувам слики, кога ќе го слушнат неговиот глас веднаш го препознаваат. Интересно е што кога се родија, Оливер рече дека немаат слух, дека не би сакале музика, да не ги присилувајме. Ама, се знае која им е баба – додала таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img