More

    Маричиќ: Oдговорноста на опозицијата е огромна и не може да се избегне

    spot_img

    Oдговорноста на опозицијата е огромна и не може да се избегне. Знам дека би сакале најмногу некој друг да ги реши проблемите за нив, но дел од нив ќе мора да учествуваат во оваа одлука. Јас верувам дека ќе дојдеме до таа точка и нема да ја пропуштиме шансата, изјави заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

    Прашан како ја коментира понудата на Мицкоски за обединување на македонските политички партии, за да се развласти ДУИ, Маричиќ ова го смета како маневраски потег за купување време и за собирање евтини политички поени.

    – Мислам дека одговорноста на секоја политичка партија не може да се отстрани со коментирање и напаѓање на друга политичка партија. Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со дека имаме шанса да донесеме одлука заедно. Никој нема да биде обвинуван, бидејќи не го нарушува концептот на нашиот Устав, ниту на нашата држава, ниту го допира македонскиот идентитет – вели Маричиќ.

    Тој истакна дека за евентуални коалиции најверојатно може да се разговараат понатаму, но смета дека најдобро ќе се постигне македонското национално единство доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.

    – Ние ги започнавме преговорите минатата година, тие во просек траат четири до пет години. Така што тоа толку и не е неостварливо, ако работиме од двете страни, секако дека мораме да бидеме оптимисти, но и реални. Владата зацрта цел до 2030 година, да стане членка на ЕУ. Три-четири е многу скоро, но за три-четири години можеме да се поместиме многу во преговорите со ЕУ, доколку работиме и се разбира доколку ЕУ зацрта една агенда, тие три-четири години бидат искористени максимално и ќе бидеме неповратно отидени брзо кон членство – вели Маричиќ.

    Прашан што ќе му биде понудено на маса на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, Маричиќ рече дека не може да одговори, бидејќи станува збор за лидерска средба и не може да говори во името на премиерот Ковачевски.

    – Очекувам да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада. Мислам дека само дијалогот е најдоброто решение и пред да започне процедурата во Собрание, логично е да седнат лидерите на најголемите политички партии, да поразговараат. Владата ќе биде конструктивна и секогаш ќе биде конструктивна – вели Маричиќ.

    Тој посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.

    – Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно – рече Маричиќ.

    Тој не гледа ништо спорно зошто во Уставот не би требало да се впишат уште неколку заедници, кои како што вели, се и онака граѓани кои живеат во земјава.

    Вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ е дециден доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img