Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит во раните утрински часови предизвика паника во Јужна Кореја и Јапонија, каде што беа издадени воздушни предупредувања, но тие брзо беа откажани кога сомнителниот предмет падна во морето.Севернокорејската државна новинска агенција KCNA објави дека сателитот кој носел нуклеарно оружје се урнал поради нестабилност во моторот и неисправно снабдување со гориво.
Жителите на Сеул имаа непријатно будење бидејќи во 6:32 часот по локално време се огласија сирените со предупредување за можна евакуација. Сепак, само 10 минути подоцна тревогата била прекината, а властите тврдат дека е прогласена за грешка.
Алармот бил сигнализиран и до јужната јапонска префектура Окинава, но набрзо се видело дека ракетата не може да стигне до јапонска територија, па и таа тревога била откажана.
Северна Кореја претходно ги информираше меѓународните власти дека ќе лансира ракета кон југ, а се очекуваше остатоци да паднат во Жолтото Море и Тихиот Океан.