Европските набљудувачи на вториот круг од претседателските избори во Турција забележуваат дека актуелниот претседател и повторно победник Реџеп Таип Ердоган имал неправедна предност. Покрај користењето на јавните средства за кампањата, изборите се карактеризираа и со медиумска пристрасност и ограничување на слободата на изразување.
Набљудувачите од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во понеделникот објавија дека јавните медиуми очигледно го фаворизираат актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, а истото се вели и вистина за многу приватни медиуми. Тие оценија и дека вториот круг од изборите е проследен со се позапалива и дискриминаторска реторика.
Истовремено, тие забележуваат дека самите избори поминале без поголеми проблеми и на гласачите им понудиле можност да изберат меѓу „реални политички алтернативи“, ја резимираат пораката од странските агенции.
„Вториот круг на избори донесе јасен победник“, рече членот на делегацијата на PSSE, Френк Швабе во соопштението за печатот. „Сепак, овој втор круг се одржа во средина која во многу аспекти не нуди услови за одржување демократски избори“, додаде тој.
Во вториот круг од изборите во неделата Ердоган освои 52 отсто од гласовите, додека кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу 48 отсто. Ердоган доби честитки од целиот свет по неговиот реизбор на функцијата.