Американскиот претседател Џо Бајден потврди во неделата дека тој и републиканскиот лидер на Претставничкиот дом Кевин Мекарти постигнале договор за подигање на плафонот на долгот од 31,4 трилиони долари до 1 јануари 2025 година и дека Конгресот сега може да гласа за тоа.
-„Ова е договор што е добра вест за американскиот народ“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по разговорот со Мекарти за да ги изнесе последните детали од договорот.
„Тие ја симнуваат од маса катастрофалната закана од банкрот и го штитат нашето тешко остварено и историско економско закрепнување“, додаде Бајден.
Договорот за јавниот долг, кој ја спречува владата да прогласи банкрот за прв пат во американската историја, доаѓа по неколкунеделни преговори меѓу Бајден и републиканците во Претставничкиот дом.
Договорот сепак мора да помине низ поделеното тело пред 5 јуни, кога американското Министерство за финансии објави дека му снема пари.
„Силно ги повикувам двата дома да го прифатат договорот“, рече Бајден, додавајќи дека очекува и Мекарти да има доволно раце за да го одобри договорот.
Договорот беше критикуван од десничарските републиканци и левичарските демократи, но Мекарти претходно во неделата изјави дека верува дека ја има поддршката од повеќето републиканци.
Договорот ќе го суспендира лимитот на долгот до 1 јануари 2025 година, ќе ги ограничи државните трошоци во буџетите за 2024 и 2025 година, ќе ги врати неискористените средства наменети за борба против пандемијата, ќе го забрза издавањето дозволи за некои енергетски проекти и ќе воведе дополнителни работни обврски во социјалните програми. .