Министрите за одбрана на Русија и Белорусија потпишаа документ за распоредување на руско тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Москва ќе ја задржи контролата врз оружјето и сите одлуки за негова употреба, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, цитиран од ТАСС.
Русија и Белорусија, блиски сојузници за конфликтот во Украина, се согласија на почетокот од оваа година дека дел од рускиот тактички нуклеарен арсенал ќе биде распореден во Белорусија. Одделно, руските медиуми објавија дека тој му рекол на Шојгу дека Западот води „необјавена војна“ против Русија и Белорусија.
„Рускиот претседател Владимир Путин на 25 март рече дека, на барање на белоруската страна, Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје во републиката, како што тоа го прават САД долго време на територијата на своите сојузници. Според шефот на руската држава, на 1 јули се планира да се заврши изградбата на магацин за тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија. Москва веќе му го предаде на Минск ракетниот систем Искандер, кој може да носи нуклеарно оружје, а помогна и во опремувањето на белоруските авиони за да можат да користат специјална муниција. „Белоруските војници добија соодветна обука во Руската Федерација“, пренесе ТАСС.