Дваесетина средни и основни училишта во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дваесетина средни и основни училишта во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград.

Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково.

Во полициската управа во Чачак било пријавено дека на е-маил адресите на Машинско-медицинското училиште пристигнала е-пошта за поставена бомба. Две средни училишта во Ниш утринава исто така добиле електронска пошта за поставени бомби.

На 10 локации во Крагуевац утринава имаше информации дека се поставени бомби и тоа во осум основни училишта, Втората гимназија во Крагуевац и Економскиот факултет. Објектите веднаш се евакуирани и во тек се проверките.

По извршените проверки било утврдено дека се работи за лажни пријави во училиштата во Ниш, Чачак и во Горњи Милановац.

Share This Article