Во текот на вчерашниот ден (22.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.