Најмалку 20 луѓе, од кои повеќето најверојатно се деца, загинаа во пожар во интернат во централниот дел на Гвајана, соопштија властите на малата земја во североисточниот дел на Јужна Америка.
„Со голема тага соопштуваме дека дошло до пожар во средношколскиот интернат во градот Махдија. Бројот на загинати во моментов е 20“, соопштија властите кои не ја прецизираа причината за пожарот.
Се додава дека неколку лица се повредени.
Официјалните лица рекоа дека е испратена дополнителна медицинска опрема и помош.