Среќно заврши потрагата по тројцата моторџии кои вчера биле пријавени дека се изгубени на планината Плачковица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Среќно заврши потрагата по тројцата моторџии кои вчера биле пријавени дека се изгубени на планината Плачковица, а нивните семејства не можеле да воспостостават телефонски контакт со нив, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според регионалниот ЦУК -Штип, преку единствениот повикувачки број за итни случаи е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица. Тројцата моторџии биле со поголема група кои се упатиле од хотел „Бел камен“ – Радовиш кон село Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација.

„Во потрага биле вклучени 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица (ПС) Штип на правецот Туртел – одмаралиште Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД), едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица. Истоврено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност“ – се вели во соопштението од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип утринава извести дека од Планинарска служба Осогово со четири лица и едно теренско возило во 5.00 часот излегле на терен и пребарувале на ралација Видовиште, Латал – Бел Камен.

Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба.

Share This Article