Две деца се тешко повредени откако со моторот со кој управувале се судриле со автомобил, доцна синоќа во скопската населба Кисела Вода, објави Телма.
Сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар Борис Трајковски со улица Есенинова.
Неофицијално, двете деца се на возраст од 13 и 15 години и се од населбата Усје. Веднаш по несреќата пренесени се во болница.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата. Повеќе детали се очекуваат денеска.