More

    ЦИА сака да регрутира руски шпиони, одговорот дојде од Русија

    spot_img

    Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави видео на кое се обидува да регрутира шпиони, односно Руси незадоволни од војната во Украина и животот во Русија, а сега стигна реакција и од Русија.

    Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, изјави дека овој обид на ЦИА е „провокација и дел од хибридна војна против Руската Федерација“, пренесува ТАСС.

    Тој додаде дека ова „не е прва дрска провокација на американските разузнавачки служби“. Тој тврдеше дека регрутирање видеа во име на ФБИ биле прикажани на YouTube благодарение на прикриено рекламирање.

    „Има наведени телефонски броеви на кои можете да се јавите и да станете предавник. Тоа започна во минатото. Ова е координирана кампања како дел од хибридната војна започната против Руската Федерација“, рече дипломатот.

    „Откако не успеа нивниот блицкриг преку санкции и откако сфатија дека не можат да ни нанесат воен пораз, тие се обидуваат да внесат конфузија во руското општество. Сакаат се да превртат наопаку и да не натераат повеќе да не веруваме во себе. Тогаш со голи раце би ја земале Русија“, вели Антонов.

    Антонов истакна дека е сигурен оти „рускиот народ добро ги научил лекциите од историјата и нема да дозволи обиди за расцепување на нивното единство“. Тој посочи дека граѓаните и политичките сили во Русија ја поддржуваат војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img