Многу е веројатно дека мостот „Беласица“ ќе мора да биде урнат и одново да се гради, велат за Сител експерти упатени во процесот. Според нив, на надлежните ќе им биде многу тешко да најдат фирма која што ќе се нафати да го реновира мостот во ваква состојба и да гарантира дека тој ќе биде безбеден за сообраќај.
Мостот Беласица се запали во текот на минатата недела. Огнот веројатно ја нарушил статиката на мостот поради што тој е затворен за возила и за пешаци. Тоа предизвикува скопјани од Центар до Аеродром во сообраќајниот шипц да патуваат и по еден час.
Засега нема официјална информација за причините за пожарот, ниту став на Град Скопје дали тој ќе се реновира или урива.