More

    (Мега скандал)„Македонски просветители“ ќе даде нов статус на Охрид во УНЕСКО, но овој пат како раритена глупост заштитена со Закон!!

    spot_img

    Ќе ја дочека ли Охрид новата туристичка сезона и првите туристи раскопан во централното градско јадро? Дали на повидок ќе биде нов статус на Охрид во УНЕСКО, но овој пат како раритена глупсот заштитена со Закон ,како природно наследство на недоветниот профитеризам,кој го започна поранешниот градоначалник Константин Георгиески?!

    Булеварот „ Македонски просветители“ во Охрид постана јаболко на раздорот помеѓу жителите на Охрид ,локалната самоуправа ,владата на РСМ и Светска Банка. Реконструкцијата на булеварот „ Македонски просветители“ во Охрид фалична од самиот почеток,несоодветен проект, преку кој набрзина некој од надзорите на испоставата на СВетска Банка во РСМ , поддржан од министерството за транспорт и врски,одобриле 1.000.000 евра ,за реконструкција на улица во централен дел на Охрид или главната сообраќајна и пешачка артерија која води до центарот на Охрид.

    Самиот проект со премногу фалинки ,од кој ќе наведеме само неколку , но и јавно ќе обзнаниме колку ќе ја чини дополнително Општина Охрид глупоста наречена Булевар „ Македонски просветители“:

    1.Во идејниот проект не биле предвидени подземни инфрастурктурни зафати,како што се :

    -Дислокација на високонапоснки кабел

    -Промена на азбесни водоводни цевки

    -Промена на азбесна канализациона мрежа

    -Поставување на улично осветлување

    -Поставување на телефонски, интенет подземни мрежи

    Само за да се реализираат  погоре наведените 5 ставки, Општина Охрид дополнително мора да инвестира 500.000 евра, со што реконструкцијата на Булевар „Македонски Просветители“ од старт надминува 50% повисока ставка од предвидените 1 милион евра??!!

    2.Во идејниот проект предвидено е гранитните плочи да се поставуваат врз фракција-Тампон, што е надвор од сите градежни норми и стандарди, од причина што по овој булевар ќе бил дозволен сообраќај на возила со носивост од 20 тони според идејниот сообраќаен проект!Ваквиот начин на поставување на гранитни плочи,секако дека е надвор од секоја градежна логика и закон за градба, од едноставна причина ,а тоа е дека при првиот налет на сообраќај на ваква фреквентна улица , гранитните плочи или ке пропаднат или ке се искршат, а од друга страна експертите децидни дека ваков вид на поплочување мора да има бетонска подлога!

    3.Рокот за завршување на градежните работи е 01-06-2022 година, или почетокот на туристичката сезона во Охрид.Овој рок изведувачот АД „Илинден“ Струга по ниту една логика не може да го оствари.До сега 2 месеци од зпочнувањто на градежните работи АД Илинден Струга има ископано едвај 100 метри ,каде јавните претпријатија кој се под капа на Општина Охрид ја поставуваат подземната инфраструктура.

    Според е и самиот договор каде изведувачот АД „Илинден“ Струга и една година да ги пробие роковите за градба ,замислите според закон на овој износ на проект од 1 милион евра ,ќе плати само 35.000 евра  на име на таканаречени пенали за ненавремена работа и, тука завршува нивната одгворност?!Според вака посавената законска формулација , реконструкцијата на Булеварот „ Македонски просветители“ може да трае со години, пред се ако се има во предвид дека на потег од место викано „Амам“ до кружниот тек на раскрсницата „Булевар Туристичка“,треба да се променат над 1000 водоводни приклучоци ,водоводни азбесни цевки, канализациони цевки, подземни електрични каблови и слично.

    Во зиминатите две години урбаниот криминал во Охрид царуваше,само за илустрација ке наведиме еден податок ,а тоа е дека само за еден месец во предизборието, се асфалтирале улички во Општина Охрид во висина од 1.500.000 евра,нормално каде како изведувач се јавува фирмата АД „Илинден“ Струга.Каква е состојбата со улиците 15-ти Корпус, Абас Емин, Асном и Јане сандански каде се вложија над 5 милиони евра , редкацијата Охридскај ќе гообзнани криминалот деновиве.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img