More

    Спасовски: Во еден ден запленета дрога во вредност од 3 милиони евра

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022), во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен, запленивме 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра, истакна монистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    – Првата акција беше реализирана од страна на полициски службеници од СВР Струмица заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност во содејство со членови на Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели – изјави монистерот.

    Тој додаде и дека е извршена контрола во правно лице во Струмица, регистрирано за одгледување на канабис за медицински цели. Поради  констатирани неправилности во работењето на правниот субјект, запленета е непријавена марихуана во вредност од околу 3 милиони евра, со вкупна тежина од над еден и пол тон. Или, попрецизно 1.559,27 килограми, од која 1.041,50 килограми сув цвет, 223,57 килограми сув лист и 294,30 килограми био маса, што е спротивно на член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Тој додаде дека за случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    – Речиси истовремено, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен при СВР Битола, на патот Охрид – Ресен, кај с.Јанковец, извршија преглед на патничко возило „шкода октавија“, со  струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(38) од с.Сачево, струмичко, во кое како сопатник се наоѓал М.Т.(48) од Струмица и претрес по наредба на Основен суд Ресен, при што биле пронајдени три торби со марихуана во вкупна вредност од околу 200.000 евра и тежина од околу 50 килограми. Двете лица се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава до Основното јавно обвинителство Битола, поради постоење на основи на сомневање дека извршиле кривично дело член 215 од Кривичниот законик – дополни Спасовски.

    Министерот е задоволен од активноста на полицијата во бескопмромисната борба со криминалот.

    – Значи, само во еден ден македонската полиција заплени 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра. Ова е уште еден показател дека бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на шверцот со наркотици продолжува со засилено темпо – порача тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img