Кејт Винслет била видно емотивна кога вчера ја прими наградата за најдобра актерка за нејзината изведба во ТВ-серијата „Јас сум Рут“ (I Am Ruth) на телевизиските награди БАФТА во неделата. Познатата актерка била изненадена кога и се јавиле, а потоа се расплакала.
Кејт на доделувањето на престижните награди дојде во придружба на нејзината 22-годишна ќерка и колешка Миа Треплтон, која исто така се расплака честитајќи и на мајка си. Тие споделија емотивна прегратка и бакнеж пред Кејт да излезе на сцената за да ја прими заслужената награда.
На сцената се пошегува дека таа вечер сигурно ќе биде единствената ѕвезда што ќе плаче и призна дека не можела да го види говорот што претходно го напишала на хартија поради солзите. За време на говорот, актерката и оддаде почит на својата ќерка и се присети на „агонијата“ низ која поминала додека ги снимала сцените за „Јас сум Рут“. Таа додаде дека „малите британски ТВ драми можат да бидат моќни“, а приказните за менталното здравје како оваа „треба да се слушнат“.
„Оваа серија е за родителите и нивните деца. За семејствата кои се чувствуваат заложници на опасностите на онлајн светот, за родителите кои сакаат да продолжат да комуницираат со своите тинејџери, но кои повеќе не можат да го прават тоа“, рече таа низ солзи. Ѕвездата на филмот „Титаник“ истакна дека младите станале зависни од социјалните мрежи и нивните негативни ефекти, а на оние кои паднале под нивното лошо влијание им порача дека тоа не мора да биде нивниот живот и дека не треба да се плашат да побараат помош.
Да потсетиме дека Кејт ја доби наградата за најдобра главна актерка, а Бен Вишо ја доби наградата за најдобар актер за неговата изведба во филмот „This Is Going To Hurt“. Серијата „Derry Girls“ ја освои наградата за најдобра комедија, додека „Bad Sisters“ е прогласена за најдобра драма. Наградата за најдобра ријалити серија ја освои популарната серија на „Би-би-си“ „The Traitors“, а најдобрата забавна програма „The Masked Singer“.
ФОТО: Инстаграм