Невладините бараат уште 15 милиони денари од Владата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара да се направи ребаланс на Буџетот за да се предвидат средства за реализација на Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата за 2022 година, а во спротивно најавуваат дека ќе ја бојкотираат работата на ова советодавно тело.

– Советот бара итно да се спроведе ребаланс на Буџетот и да се предвидат дополнителни 15 милиони денари во буџетот на Генералниот секретаријат на Влада на ставката 463 за трансфери до невладини организации кои ќе бидат распределени за граѓанските организации преку јавен оглас, согласно Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година. Доколку ставот на Владата не се промени и не се пристапи кон итен ребаланс на Буџетот членовите на Советот од редот на граѓанските организации ќе ја бојкотираат работата на ова советодавно тело сè до конечното решавање на ова прашање – рече претседателката на Советот,  Фани Каранфилова Пановска на денешната прес-конференција пред Владата.

Таа нагласи дека Советот не се согласува со запирањето на постапката за донесување на Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата за 2022 година, што било пракса повеќе од 10 години.

– Советот, како што беше случај и во изминатите четири години, по спроведување на широк процес на консултации со граѓанското општество ја утврди Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата за 2022 година. За жал, Предлог-програмата беше симната од дневен ред на седница на Генералниот колегиум на државни секретари, поради негативно мислење од Министерството за финансии со образложение дека средствата во износ од 15 милиони денари планирани во буџетот на Генералниот секретаријат се строго наменски – појасни Каранфилова Пановска.

При разгледување на Дополнетиот предлог Буџет, во владина процедура е нотирано дека средствата во висина од 15 милиони денари ќе бидат наменети за потребите на Црвениот крст, а за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондациите се планирани средства во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Share This Article