Откриена сексуална експлоатација на дете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар, која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради основано сомнение дека вршеле сексуална експлоатација на дете.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Претходно, на почетокот на април, во голема полициска акција беа уапсени девет лица, од Тетово, Скопје и Велес, за полова злоупотреба на немоќно лице и за производство и дистрибуција на детска порнографија. Еден од осомничените тогаш побегна надвор од земјата.

За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.

Share This Article