More

    КОМПЛЕКСОТ „ГРАНД СКОПЈЕ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ЕКСПЕРТИ ЗА НЕДВИЖНОСТИ

    spot_img

    Голем број професионалци за недвижности од земјава и од странство споделија знаења, искуства и успешни приказни од областа на индустријата за недвижности, на првата Конференција за недвижности во земјава, која се одржа денеска во Скопје. Златен спонзор на конференцијата е „Гранд Скопје“.

    Конференцијата создаде одлична можност за вмрежување и разговор на актуелни теми кои ја засегаат индустријата за недвижности, како најновите трендови, перспективи и предизвици со кои таа се соочува, а едни од клучните говорници беа претставниците на „Гранд Скопје“.

    – Станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ со своите карактеристики поседува потенцијал комплетно да ја редефинира урбаната слика на центарот на градот. Целиот комплекс е идеално поврзан со околината, а близината на самиот кеј на реката Вардар, и целата таа динамична и урбана средина која го опкружува, овозможува целосна функционалност и достапност на најразлични содржини – истакна Леонид Антиќ, член на Управниот одбор на „Гранд Скопје“ при својата презентација.

    Антиќ во текот на претставувањето на „Гранд Скопје“ се фокусираше на најважните придобивки кои овој комплекс ќе ги обезбеди за неговите жители и посетители, акцентирајќи ја изградбата на урбан парк со големина колку плоштадот „Македонија“ во склоп на комплексот.
    – Во рамки на комплексот предвиден е парк кој ќе содржи разновидно парковско зеленило налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана смарт опрема. Но, она што е можеби и најважно е поголемата слика од само станбено-деловен објект. Комплексот „Гранд Скопје“ неспорно ќе донесе огромна придобивка и за нашиот град, бидејќи неговата реализација ќе создаде одлична атмосфера за економски развој, нови можности за вработување, а ќе се отвори дополнителна врата за развој на туризмот и културата – заклучи Антиќ пред присутните.

    Леонид Антиќ се фокусираше на најважните придобивки на комплексот „Гранд Скопје“

    Во рамки на конференцијата се одржаа и неколку панел дискусии на кои учествува претставници на „Гранд Скопје“ и ја пренесоа својата експертиза од полето на резиденцијално домување.

    Спонзорството на оваа конференција ја покажува посветеноста на „Гранд Скопје“ за потребата за едукација, развој и унапредување на пазарот на недвижности.

    Првата конференција за недвижности во земјава беше организирана од Фортонмка, компанија која е стратешки партнер на Cushman & Wakefield, најголемата светска компанија за советување за недвижности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img