More

    Белата куќа не планира да го следи примерот на Велика Британија и да испрати ракети со долг дострел во Украина

    spot_img

    Белата куќа не планира да го следи примерот на Велика Британија и да испрати ракети со долг дострел во Украина, пишува Политико.

    Претходно весникот „Вашингтон пост“ објави дека Лондон размислува да испрати проектили со дострел до 300 километри во Киев, но конечна одлука за ова прашање сѐ уште не е донесена.

    Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли одби да ги коментира публикациите за време на вчерашната заедничка прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

    Такви карактеристики имаат американските ракетни системи АТАКМС, кои Вашингтон одбива да ги пренесе во Украина.

    Американски функционер им рече на новинарите дека „политиката за ATAКМС не е променета“.

    Според него, САД ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со опрема за воздушна одбрана, муниција и оклопни возила.

    Според Политико, постои и загриженост дека САД немаат доволно AТАКМС во својот арсенал.

    – Воено, имаме релативно малку ATAКМС и треба да се погрижиме да ги одржуваме сопствените резерви на муниција – изјави претседателот на Здружениот генералштаб Марк Мили за „Defence One“ во март.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img