Дваесет и шест жители на Латвија вчера биле уапсени поради кршење на законот со кој се забранува славење на 9 мај, денот на победата на Советскиот сојуз над нацистичка Германија, пишува весникот Делфи. Полицијата одзела и јакна на која пишува „Русија“ од човек кој бил во инвалидска количка, а друг пак, бил уапсен затоа што носел советски медали на јавно место.
Додека повеќето случаи беа регистрирани во Рига, главниот град, неколку апсења се случија и во Даугавпилс. Двајца мажи кои зборуваат руски биле приведени во паркот Дубровински во градот, откако дале интервју за телевизијата ТВ3. Тие направиле престап со тоа што изјавиле дека фашистите се вратиле на власт во Украина, со поддршка од ЕУ.
Минатиот месец, латвискиот парламент ги забрани прославите на Денот на победата како „омаловажување и поткопување на вредностите на Латвија како демократска и национална држава, вклучувајќи ја поделбата на општеството, глорификацијата на војната, воената агресија и тоталитаризмот, како и лажно толкување на историските настани“.
Латвијците сепак излегоа во толпа да положат цвеќе на гробиштата и спомениците. Повеќето апсења и цитати вклучуваа ставање цвеќиња на „забранети места“, каде некогаш стоеја советски споменици пред владата во Рига.
Околу 1,8 милиони жители во Латвија, или прибилижно секој четврт човек зборува руски јазик.
Латвија, заедно со Естонија и Литванија срушија повеќе споменици од советската ера, донесоа забрани за користење на симболите „Z“ и „V“ кои Русија моментално ги користи во војната во Украина.
Молдавија дури и го забрани крстот на свети Ѓорѓи, советска портокалово-црна машничка, која всушност се смета за историски антифашистички симбол. Лентата се користи и денес за одликување на руските генерали и воени лица.