More

    Огромен шумски пожар во Русија, најмалку четворица загинати

    spot_img

    Делови од планините Урал беа зафатени во пожар, а четири лица загинаа во пожарот, стотици домови беа уништени, а дел од населението мораше да се евакуира, соопштија властите, додавајќи дека се започнати повеќе истраги.

    Шумските пожари не се невообичаени кон крајот на пролетта и летото низ огромната руска шумска покривка и тревни степи, но неодамнешните настани поттикнаа сомневања дека тоа може да се должи и на невнимание.

    Пожарите се проширија и во некои населени места во јужниот дел на Курганската област, каде што пристигна и министерот за вонредни ситуации Александар Куренков.

    Покрената е голема кривична истрага
    Регионалните власти покренаа кривична истрага за големиот пожар во кој во неделата загинаа три лица, а беа уништени голем број куќи и канцеларии.

    „Ширењето на пожарот се должи на евентуално невнимание на одговорните службеници“, соопштија од истражната комисија во Курган.

    Девет од 13-те пожари се под контрола, јави ТАСС, но големи пожари ги зафатија и регионите Свердловск и Тјумен во јужниот дел на Урал.

    Пожар избувна во складиште за барут во мало село во областа Свердловск, но тој беше изгаснат во неделата вечерта, но во областа се уште горат 53 пожари кои зафаќаат 54.000 хектари. Во гаснењето на пожарите учествуваат 4.800 луѓе.

    Независниот информативен портал СОТА припишува некои пожари на експлозии и подметнување пожари.

    На крајот на април едно лице загина во пожар од непознати причини, а стотици луѓе останаа без покрив над главата.

    Во областа Тјумен горат 23 пожари. Едно лице го загуби животот во обид да го изгасне пожарот во село Красниј Јар, додека други две се повредени.

    На две места во тој регион се уништени 120 објекти.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img