Глобалниот индекс на цените на храната се зголеми во април оваа година за прв пат по една година и е на ниво приближно 20 отсто повисоко од рекордното ниво постигнато во март 2022 година по руската инвазија на Украина.
Индексот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), кој ги следи цените на најтргуваните прехранбени производи во светот, во просек изнесуваше 127,2 поени минатиот месец, во споредба со 126,5 поени еден месец порано, објави агенцијата во петокот.
ФАО соопшти дека порастот во април ги вклучува повисоките цени на шеќерот, месото и оризот, што го засени падот на индексот на цените на житариците, млечните производи и растителното масло.
Откако почна војната во Украина цените на храната скокнаа, потоа се случи стабилизирање, но сега пак има пораст.